• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Camila Cabello – Never Be the Same (Премиера Хит)

Еден од двата сингла, “Never Be The Same” и “Real Friends”, кои кубанката Camila Cabello ги издаде на 7-ми декември, првиот, е денешен Премиера Хит на Радио Браво. Истиот ден, Cabello го објави и датумот на излегување на нејзиниот дебитантски албум, 12-ти јануари, следната година. Инаку Camila Cabello ја запознавме на 7-ми август, кога нејзиниот првенец, песната “Havana” беше Премиера Хит на Радио Браво, а веќе следната седмица се избори и за Браво Хит No.1 песна на вашето омилено радио.


© Radio Bravo - Kumanovo