• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Radio Bravo 88,5 Mhz play Now On Air view:     Bravo Blues&Jazz play Now On Air view:

Pet Shop Boys – What Are We Going To Do About The Rich (Премиера Хит)

Музичката атракција од крајот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век, synth-pop дуетот Pet Shop Boys, кои во 1984-та година дебитираа со легендарната “West End Girls”, сосема неочекувано, но на задоволство на бројните фанови издадоа нови четири песни кои веќе можат слободно да се даунладираат сместени во EP со наслов Agenda. Подоцна, во текот на годината, Agenda ќе биде издаден и на физички медиум, односно компакт диск. Од четирите наслови, избор на Радио Браво за денешен Премиера Хит е песната со реден број три, “What Are We Going To Do About The Rich“. За потсетување, последниот, 13-ти долготраен студиски материјал, албумот Super, Neil Tennant и Chris Lowe го издадоа на 1-ви април 2016-та година.


© Radio Bravo - Kumanovo