• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Ареа – Зрак (Премиера Хит)

Зрак” е насловот на најновото музичко парче кое го промовираше една од најдобрите македонски рок групи Ареа. Бендот објави и видео спот за песната, за која музиката и аранжманот се на Ивица Брчиоски, а текстот го напиша Ружица Милошеска Брчиоска. Спотот, кој донесува интересна приказна е во режија на Кристијан Шемко од Pyramid Production. Песната е снимена во студиото Клиника.


Од Ареа стигна уште една убава вест за фановите: групата подготвува нов албум.
„Поминаа 5 години од пуштањето во етер на нашата последна песна „Запознај ме”, така да крајно време беше да презентираме нешто ново. Песната се вика „Зрак” и е една од песните која треба да се најде на нашиот нов албум на кој се уште работиме. Се надевам дека ова ќе ни биде поттик за побрзо да го завршиме. До тогаш уживајте во песна, се надевам дека ќе ви се допадне”, изјави за Gostivarpress.mk, гитаристот на бендот, Ивица Брчиоски.

© Radio Bravo - Kumanovo