На музичкиот пазар излезе петтиот сингл од 11-от албум “Désobéissance”, продуцирана од францускиот Dj Feder, на француската поп икона Mylène Farmer. Како и претходните четири, од кои првиот, “Rolling Stone” беше и ваш избор за Браво Хит и се најде во годишниот Топ 50 на Радио Браво за 2018-та година и најновиот, “Des Larmes” е предлог на Радио Браво за дневен Премиера Хит. Уживајте, денес, на почетокот на секој непарен час во “Des Larmes” и гласот на 57-годишната Mylène Farmer.