• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Liam Gallagher – Shockwave (Премиера Хит)

Попознат како пејач на Oasis, Liam Gallagher е многу активен во последните седмици. Најпрво кон крајот на април, на својот twitter профил, Gallagher ја најави својата американска турнеја под наслов The Who, која ќе започне на почетокот на октомври. Веднаш почнаа сомнежите за нов музички материјал на Liam Gallagher кои истите го потврди на 29-ти мај, со нов пост на twitter со кој ја објави веста за новиот, втор по ред соло албум кој ќе го има насловот “Why Me? Why Not”. На 7-ми јуни премиерно беше прикажан документарниот филм за неговот враќање на музичката сцена, “As It Was”, а истиот ден го објави и првиот сингл од новиот албум, денешниот Премиера Хит на Радио Браво, песната “Shockwave“.

© Radio Bravo - Kumanovo