Добивме многу неочкувана соработка, микс меѓу три жанра. Aмериканската пејачка Meghan Trainor се здружи заедно со хит раперот French Montana, EDM-продуцентот Sigala и талентираниот вокалист Ella Eyre за нивната нова песна “Just Got Paid“. Пејачката на хитот “All About That Bass” како и останатите учесници во песната споделија на социјалните мрежи дека со нетрпение очекуваат да го објават синглот и дека се многу среќни со продуктот на оваа соработка.