• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Jess Glynne – Thursday (Премиера Хит)

Овој четврток како Премиера Хит на Радио Браво слушаме песна која со својот наслов одговара на денешниот ден. “Thursday“, трет сингл од вториот албум Always In Between на англичанката Jess Glynne, која со песните “Hold My Hand” и “Don’t Be So Hard on Yourself” од нејзиниот деби албум издаден пред три години “I Cry When I Laugh”, стигна до првото место на за нејзе домашната UK Singles листа, а оваа година пак, истиот успех го повтори и со песната “I’ll Be There”. Немаме простор за набројување на успесите на Glynne, затоа на кратко само ќе спомнам дека таа е првата британска соло пејачка со дури седум „број еден“ сингла на UK Singles Chart.


© Radio Bravo - Kumanovo