• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Meghan Trainor – Marry Me (Премиера Хит)

Денешниот Премиера Хит е песна со повод за денешниот празник, Денот на вљубените, Свети Валентин. Своето искуство од врската со својот сакан го сподели и поп ѕвездата Meghan Trainor преку песната “Marry Me“, која е дел од нејзиното ново, второ EP, “The Love Train,” на кој се наоѓаат шест песни, сите инспирирани од врската на пејачката со актерот Daryl Sabara која заврши со венчавка на 22-ри декември, минатава година, токму на нејзиниот 25-ти роденден. И за крај, токму со “Marry Me” започна свадбената церемонија на кои што Meghan Trainor и Daryl Sabara го кажаа судбоносното „ДА“.

Уживајте во денот на љубовта зачинет со виното. Кај младите омилен Св. Валентин, кај возрасните Св. Трифун. Два празника со убаво значење.


© Radio Bravo - Kumanovo