• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Radio Bravo 88,5 Mhz play Now On Air view:     Bravo Blues&Jazz play Now On Air view:

Ed Sheeran & Justin Bieber – I Dont Care (Премиера Хит)

По речиси две години, Ed Sheeran се враќа на сцената со песната „I Don’t Care“ што ја сними со Justin Bieber и ги израдува фановите кои со години ги следат и чекаа ваква соработка, објави Variety. Продукциски, песната ја потпишуваат Макс Мартин, Шелбек и FRED. Резултатот е певлива ритмичка песна во која гласовите на двајцата пејачи одлично се вклопуваат. Тема на песната е удобноста на која се препуштаат луѓето во долга врска, а и двајцата музичари имаат искуство во тој поглед – и Justin и Ed се во долги врски со нивните партнерки. Ова е втора соработка меѓу двајцата светски популарни пејачи – Sheeran учествуваше во хитот на Bieber „Love Yourself“ од пред четири години.


© Radio Bravo - Kumanovo