Втората сезона на тинејџерската телевизиска серија Riverdale, во САД, стартуваше на 11-ти Октомври. Поради огромниот интерес, во тековната сезона ќе има 22, во однос на 13-те епизоди, колку што имаше во премиерната сезона. По тој повод, членовите на бендот чија приказна ја следиме, а кои како актери ги толкуваат KJ Apa, Camila Mendes и Lili Rein ја преработија познатата песна од 80-те година, “Mad World” на групата Tears for Fears. Инаку серијата може да се следи и на видео стриминг преку стриминг – сервисот Netflix UK.