• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Alec Benjamin Feat. Alessia Cara – Let Me Down Slowly (Премиера Хит)

Alec Benjamin во текот на изминатиов викенд ја издаде, новата верзија на својата “Let Me Down Slowly”, кој како свој соло сингл излезе кон крајот на минатава година. Радио Браво, денес како Премиера хит ви ја претставува токму оваа освежена верзија со вокалот на канаѓанката Alessia Cara. Инаку за Alessia знаеме скоро се, а во оваа кратко претставување би спомнал нешто само за Alec Benjamin. Тој е американски кантавтор, кој е под силно влијание на творештвото на Eminem и Paul Simon, а можеби и ќе се сетите на перфомансот на 12-годишниот Merrick Hanna во првата епизода од 12-та сезона на американскиот Got Talent кој ираше токму на песна на Alec Benjamin, “I Built a Friend”.



© Radio Bravo - Kumanovo