Од 14-тото по ред студиски албум “Spirit”, на англиската електронска група која постои од далечната 1981, Depeche Mode, за овој празничен викенд, Радио Браво како премиера Хит ви ја нуди песната “No More” со поднаслов “This Is The Last Time”. По преслушувањето на “Spirit” во емисијата “Album Of The Week“, сметам дека “This Is The Last Time” заедно со “Cover Me” ги претставуаат најсилните адути на албумот за кои само би додал дека сите три се потпишани од Dave Gahan.