Овој викенд Радио Браво ќе направи преседан и за Премиера Хит ќе понуди една постара песна. Станува збор за “Felices los 4“, песна на колумбиецот Maluma, која беше издадена на 21-ви април и стина на самиот врв на речиси сите „латино“ музички листи во светот. Поради големиот успех, Maluma, издаде едно EP со пет различни верзии на “Felices los 4”. Овој викенд, на почетокот на секој парен час, ја слушаме „салса“ верзијата во која на Maluma, друштво му прави Marc Anthony, име кое беше предизвик за Радио Браво, за избор на оваа песна за Премиера Хит.