• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Tose Proeski (Тоше Проески) – Light The Flame (Премиера Хит)

Пред точно 10 години години, во стравична сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска, загина македонската поп – ѕвезда Тоше Проески. Животот на Тоше заврши во годината кога одбележуваше десет години успешна кариера и кога таа почна да станува меѓународна. Загина на 26 години, утрото, на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.

А десет години потоа, објавена е нова негова песна на англиски јазик. Песната се вика “Light Тhe Flame” и е авторско дело на англискиот продуцент Енди Рајт. Песната беше објавена на традиционалниот настан „Ѕвездено него“ на плоштадот Македонија и е најава за нов англиски албум на Тоше. Точно на 10-годишнината од трагедијата во која го изгубиме нашиот ангел, Радио Браво ја избра “Light Тhe Flame” како Премиера Хит на денот кој го посветуваме на нашиот ТОШЕ.


© Radio Bravo - Kumanovo