Временски услови, а и почетокот на пролетта, недвојбено ни покажуваат дека доаѓа летото, така што време е за „летни вибрации“. Радио Браво ја започнува серијата со најава на летни хитови во својот избор на секојдневните „премиери“ со меѓународната соработка помеѓу бразилскиот продуцент Alok, Felix Jaehn и The Vamps. Со оглед на своите бекграунди, и на национално и на интернационално ниво, “All The Lies” е вистински предлог за „хит во најава“.