Младите музички ентузијасти, браќата Бојан и Андреј или попознати на македонската музичка јавност како Cyrillic заедно со Valery Dimovska , оваа седмица ја објавија новата песна “Доволни” и видео спотот за истата. За музиката се погрижиjа Dina Jashari и Cyrillic, текстот го напиша исто така Dina Jashari , а миксањето и мастерингот е дело на Ivan Jovanov Iwayo. Видеото е во режија на Христијан Конески.