• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Bruce Springsteen – Sundown (Премиера Хит)

Изминатиов викенд излезе уште едно музичко остварување на уште една „жива легенда“ на современата светска музичка сцена. Откако вчерашен избор за Премиера Хит на Радио Браво беше песна од 14-от студиски албум, Madam X на Madonna, денес го промовираме 19-от студиски албум, Western Stars на познатиот rock и country изведувач Bruce Springsteen. Првиот сингл од албумот веќе го слушавме во Премиера Хит веднаш по излегувањето, поточно на 2-ри мај, а денес пак, на почетокот на секој непарен час во популарната „премиера“ на Радио Браво, ја слушаме “Sundown“, песна со редне број осум на албумот кој содржи 13 песни.


© Radio Bravo - Kumanovo