• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Casey Lowry – Boyfriend (Премиера Хит)

Денес Радио Браво ви претставува ново име на музичката сцена. Се работи за Casey Lowry, британец, роден пред 22 години во Chesterfield. Поради музичката кариера, се сели во London, каде што станува познато име во светот на indie музиката, но го препознаваат и како добар гитарски поп изведувач. Потпишува договор за издавачката куќа Access Entertainment, за која што го издава и деби синглот ‘Trampoline’ со кој што по 500.000 даунладирања преку интернет стигна на првото место на BBC Radio 1 playlist. Денес, на почетокот на секој непарен час, во „летната шема“ на Радио Браво го слушаме Casey Lowry во новиот сингл, песната “Boyfriend“.


© Radio Bravo - Kumanovo