• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

The Decemberists Feat. Lin Manuel – Ben Franklins Song (Премиера Хит)

Денешниот Премиера Хит на Радио Браво е тесно поврзан со на големиот американски музички хит кој трае од февруари 2015-та година, мјузиклот “Hamilton“, напишан од Lin-Manuel Miranda, а премиерата ја имаше на Broadway во The Public Theater. Текстот на песната “Ben Franklins Song“, првично бил наменет за улогата на таткото на САД, Benjamin Franklin, но никогаш не бил искористен во мјузиклот. На предлог на Lin Manuel, момците од бендот од Portland, Oregon, The Decemberists направија сопствено видување на текстот кое денес го слушаме во прекрасната “Ben Franklins Song”. Инаку, “Ben Franklins Song” е само почеток на серијата, која што Lin Manuel ја нарече The Hamildrops, во која што секој месец, до крајот на следната година ќе бидат издавани неслушнати содржини од мјузиклот “Hamilton”.


© Radio Bravo - Kumanovo