• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Radio Bravo 88,5 Mhz play Now On Air view:     Bravo Blues&Jazz play Now On Air view:

Duncan Laurence – Arcade (Премиера Хит)

Победник на Изборот на песна за Евровизија за оваа, 2019-та година е претставникот на Холандија, Duncan de Moor (роден на 11-ти април 1994), а на музичката сцена се претставува како Duncan Laurence. Laurence ја започнал музичката кариера на Rock Academy во Tilburg, каде што пеел во повеќе училишни бендови. Тој бил учесник на 5-та сезона на The Voice of Holland каде што стигнал до полуфиналето.


Од личниот живот на човекот што ја донесе Евровизија во Холандија, Duncan Laurence најинтересен детал е неговата објава на Instagram од октомври, од минатата година за неговата бисексуалност. Потврдата стигна и на прес конференцијата пред финалето кога изјави: „Јас сум повеќе од само уметник, јас сум личност, јас сум живо суштество, јас сум бисексуален, јас сум музичар. И јас сум горд што добив шанса да покажам што сум, кој сум јас“.


© Radio Bravo - Kumanovo