По издавањето на својот дебитантски албум, Chaos and the Calm во 2015-та година, James Bay беше одлично прифатен од музичката критика, па така албумот стигна до самиот врв во Велика Братинаија и до 15-то место во САД. Истата година, James Bay ја добива “Critics’ Choice” наградата, која е избор на музичките критичари, а следната година е добитник на наградата за The Best British Male Solo Artist. Истата година, Bay имаше и три Grammy номинации, за најдобар нов артист, најдобар рок албум и најдобра рок песна. За 18-ти мај, James Bay го најави излегувањето на неговиот втор студиски албум, насловен Electric Light, и од него, денешниот Премиера Хит, вториот сингл (по “Wild Love”, објавен во февруари), песната “Pink Lemonade“.