• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Lady Gaga – The Cure (Премиера Хит)

Lady Gaga им приреди неверојатно изненадување на фановите кои имаа можност да го проследат нејзиниот настап на фестивалот Коачела. Гага започна да пее точно во 23 часот и 29 минути во втората фестивалска вечер, а некаде по 45-минутниот перформанс на Коачела таа го најави и изведе својот најнов сингл – “The Cure“. Интересно е тоа што “The Cure” не се наоѓа на нејзиниот неодамна објавен албум “Joanne”, кој пак го преслушувавме и на оваа френквенција во емисијата “Album OF The Week“. Lady Gaga се враќа повторно на Коачела за време на вториот фестивалски викенд на 22 април, а во меѓувреме, денеска, на почетокот на секој непарен час, уживајте во нејзината најнова песна која е Премиера Хит на Радио Браво.

© Radio Bravo - Kumanovo