• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Radio Bravo 88,5 Mhz play Now On Air view:     Bravo Blues&Jazz play Now On Air view:

Lil Dicky – Earth (Премиера Хит)

Earth” е песна на американскиот рапер Lil Dicky. Сите средства собрани од продажба на песна ќе бидат донирани во фондот на Leonardo DiCaprio. „Фондацијата Леонардо Ди Каприо е посветена на долгорочното здравје и благосостојба на сите жители на Земјата. Преку заеднички партнерства, ние ги поддржуваме иновативните проекти кои го штитат ранливиот див свет од исчезнување, а истовремено го враќаат балансот кон загрозените екосистеми и заедници“, е напишано како мисија на Фондацијата на нејзината web страна. Во песната, како и на видеото се забележани гласовите на триесе врни музички ѕвезди, меѓу кои се: Justin Bieber, Ariana Grande, Shawn Mendes, Halsey, Katy Perry, Ed Sheeran, Leonardo DiCaprio и Miley Cyrus.


Денеска е Светскиот ден на планетата Земја

Првпат Светскиот ден на планетата Земја е одбележан на 22 април 1970-та година во САД, а од 1992 година и во целиот свет. Денес го одбележуваат повеќе од 175 држави. Целта на одбележувањето на „Денот на планетата Земја“ е да се подигне нивото на свесност кај нејзините жители за зачувување на животната средина, односно да укаже на загадувањето на воздухот и водата, радиоактивното зрачење, исцрпувањето на ненадоместливите енергенси и слично. Во светот денеска се одбележува Денот на планетата Земја, 22 Април. По повод Денот на планетата Земја ОН со низа манифестација ќе се обидат да мобилизираат милиони луѓе да создадат одржлива, здрава природна средина со озеленување на градовите ширум светот. Избор на Радио Браво за денешен Премиера Хит, по повод Денот на планетата Земја е песната “Earth”.


© Radio Bravo - Kumanovo