Денес на љубителите на музиката од 90-те години од минатиот век, Радио Браво им нуди вистинско (се разбира, пријатно) изненадување. Имено, по пауза од пет години, односно од излегувањето на 8-от албум, In a World Like This во 2013-та година, Backstreet Boys го промовира првиот промо сингл, од новото студиско остварување, песната “Don’t Go Breaking My Heart“. Името на албумот и датумот на издавањето, се уште се чуваат во тајност.