• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Next Time – Слушам кај шумат шумите (Премиера Хит)

Денешниот Премиера Хит е со повод. Неодамнешната преработка на дуетот Next Time на познатата „Слушам кај шумат шумите“ е музички избор кој ќе го слушаме на почетокот на секој непарен час, токму денес, на Денот на македонската револуционерна борба.

Next Time за „Слушам кај шумат шумите“ снимија моќен спот во кој главната улога ја има Ана Стојановска. Во музичкото видео се појавуваат и Бранко Калеников, браќата Филиповски, Огнен Шапковски, Борис Јосифовски и Васко Гегоски. И за овој проект Next Time соработуваа со композиторот Никола Мицевски, а миксот е на Дејан Момировски. Спотот е изработен по идеја на Мартин и Стефан кои долго ја бараа идеалната локација, а и се подготвуваа за улогите во видеото земајќи часови по јавање. Продукцијата „Мелем“, под режисерската палка на Огнен Шапковски и директорот на фотографија Кристијан Теодоров создадоа видео за восхит. Next Time најавуваат цел албум преработки во сличен, веќе можеме да кажеме, нивен стил за мај 2018-та година, за спектакуларно одбележување на 10-годишнината од нивното прво појавување на македонската музичка сцена.

© Radio Bravo - Kumanovo