• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Disciples – 48 Hrs (Премиера Хит)

Disciples или стилизирано DISCIPLΞS е англиско продуцентско трио во состав: Nathan Vincent Duvall, Gavin Koolmon, и Luke McDermott. Дебитантското EP, момците од Јужен Лондон го издаваат во 2013-та година под името Remedy. Потоа имаат повеќе соработки со најголемите музички ѕвезди, од кои најуспешна е со шкотскиот продуцент Calvin Harris во “How Deep Is Your Love”, песна која стигна до второто на UK Singles Chart и 27-то место на US Billboard Hot 100 листата. На слушателите на Радио Браво најмногу им се познати по “On My Mind”, песна која беше Премиера Хит на Браво на 7-ми април, минатата година, а која што стигна и до 15-то место на UK Chart. По објавата на Instagram за првиот студиски албум кој ќе биде издаден во текот на годинава, овој викенд го слушаме и првиот промо сингл, песната “48 Hrs“, инспирирана од акционата комедија од 1982-та година, режирана од Walter Hilldisciples.


© Radio Bravo - Kumanovo