Американската пејачка Lana Del Rey, продолжува да го промовира албумот “Lust for Life”. По синглот “Love”, кој беше и Браво Хит на 88,5 Mhz, на ред дојде и насловната песна на албумот, “Lust For Life” која е во соработка со The Weeknd и е денешен Премиера Хит на Радио Браво. И покрај тоа што е чудно една насловна песна да биде дуетска. Lana, вели дека неможела да и одолее и дека новиот албум е именуван по неа, бидејќи песната и е премногу драга. Инаку, песната не е далеку од препознатливиот стил на Lana, по малку ретро и ноншалантен, но со малку помош од The Weeknd сето тоа добива модерен шарм.