• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Freddie Mercury – Time Waits For No One (Премиера Хит)

Досега неслушната песна од Freddie Mercury премиерно беше пуштена на BBC 2 по десетгодишна потрага по оваа загубена снимка. „Времето не чека никого“ (Time Waits For No One) оригинално беше направена за мјузиклот „Време“, премиерно изведен на Вест Енд во 1986 година и во тоа време беше издадена верзијата во којашто фронтменот на „Квин“ е придружуван од низа пратечки вокали. Сега е откриена рана верзија на песната, со поинаков вокал и со пијано мелодија.


Песната ја напишал Дејв Кларк од поп групата од 60-ите „Дејв Кларк фајф“, кој вели дека демото имаше квалитет што ѝ недостигаше на финалната верзија. „Кога првпат ја снимивме, отидов во ‘Еби роуд‘ и направивме верзија само со пијано и со гласот на Фреди. Тоа беше вистинска магија, ме полазија морници. Потоа ги додадовме сите тие пратечки вокали и беше феноменално, но, сепак, чувствував дека има нешто посебно во оригиналната снимка“, вели Кларк. Тој ја нашол снимката во 2017 година и откако го изолирал гласот на Меркјури, одново го снимил пијано делот со оригиналниот клавијатурист Мајк Моран. Кларк го запознал Меркјури во 1976 година и останаа пријатели до неговата смрт во 1991. Токму Кларк бил во собата покрај Меркјури во моментите кога тој починал.


© Radio Bravo - Kumanovo