• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Суперхикс – Модерна љубов (Премиера Хит)

Својот раст и својот развој, задржувајќи го тоа што секогаш ги прави тоа што се, Суперхикс го негуваат и во најновиот сингл, денешниот Премиера Хит на радио Браво, „Модерна љубов“. Суперхикс на 3-ти март 2019 година во МКЦ, Скопје, на свој начин ќе прослават 25 години од својот прв настап во некогашниот Доорс во Дебар Маало, Скопје. Банда инструментале на истиот ден, 3-ти март, во 1994 година за прв пат го размрдаа Скопје. Тие во целото свое постоење се поклонуваат на специфичниот ритам и музика кои го исполнуваат секој кој ќе ги слушне „Раде“, „Африка“, „Глупави песни“ и многуте други. Својот раст и својот развој, задржувајќи го тоа што секогаш ги прави тоа што се, Суперхикс го негуваат и во „Модерна љубов“.


Видеото и песната „Модерна љубов“ се снимени во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски од Скопје и за прв пат како редовен и нов член на бендот учествува и Стефан Алексовски на клавијатури.


© Radio Bravo - Kumanovo