Премиера хит за овој викенд на Радио Браво е нумерата “Symphony“. Тоа е соработка на британскиот кросовер бенд Clean Bandit и шведската пејачка Zara Larsson и е трет официјален сингл на Clean Bandit од нивниот претстоен втор студиски албум, а песната исто така е и дел од вториот студиски албум на Larsson “So Good”, но како шести по ред сингл.
Clean Bandit и Larsson за прв пат во живо ја изведоа нумерата на The Voice UK на 18 март 2017 година.