Денес, во Премиера Хит, Радио Браво ви претставува една песна за која се очекува да биде еден од најголемите летни хитови. Станува збор за хит насловен како “Señorita“, а во изведба на, во моменов екстра популарните Shawn Mendes и Camila Cabello.
Во триминутното видео, двајцата музичари започнуваат романса, а хемијата меѓу нив е повеќе од неверојатна. Сензуалниот видеозапис е во режија на Дејв Мајерс, кој претходно има соработувано со бројни познати музичари како Пинк, Џенифер Лопез, Џастин Бибер, Ријана итн. Ова е нивна втора соработка, по песната „I Know What You Did Last Summer“ во 2015.
Уживајте во видеото.