• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Radio Bravo 88,5 Mhz play Now On Air view:     Bravo Blues&Jazz play Now On Air view:

Imagine Dragons Feat. Elisa – Birds (Премиера Хит)

Момците од Imagine Dragons, периодов се актуелни со многу заеднички проекти. Последниов од нив е обновената песна “Birds” од нивниот последен албум Origins, објавен на 9-ти ноември, минатата година. Оваа верзија е соработка со италијанската пејачка Elisa и може да се каже дека е нов музички материјал за пошироката музичка јавност, бидејќи оригиналот се најде само на de luxe изданието на Origins. Да потсетам дека Imagine Dragons се дел и од постхумниот албум на Avicii, односно тие се изведувачи на песната со реден број 10 на албумот, “Heart Upon My Sleeve”. Денес, во Премиера Хит на радио Браво ги слушаме Imagine Dragons заедно со Elisa во “Birds”.


© Radio Bravo - Kumanovo