• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Kylie Minogue – Dancing (Премиера Хит)

Вистински музички „деликатес“, овој викенд како Премиера Хит на Радио Браво. Песната “Dancing” на “џебната секс икона“, Kylie Minogue, како најава за новиот студиски албум, кој ќе излезе во текот на годинава, Golden. “Dancing” е напишана од самата Minogue, во соработка со Steve McEwan и Nathan Chapman. Она што радува е дека со “Dancing”, Kylie Minogue по наговор на продуцентот Sky Adams го напушта електро-денс звукот и се враќа на вистинскиот поп, можеби со мали примеси на електро-попот. Дека ова е чекор во вистински правец, говорат и музичките критики на песната, според кои “Dancing” е можеби најдобрата и „најличната“ песна во досегашната импресивна кариера Kylie Minogue. Уживајте, овој викенд, на почетокот на секој непарен час, само на 88,5 Mhz.


© Radio Bravo - Kumanovo