• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Laine Hardy – Flame (Премиера Хит)

Изминатава седмица двете најголеми музички шоу програми го имаа својот крај за оваа сезона. На 21-ви мај, The Voice го имаше своето финале на 16-та сезона на кое што главна ѕвезда беше Halsey со својот перфоманс за песната “Nightmare”, која што е Браво Хит No.1 и на Радио Браво ја слушаме секој ден на почетокот на секој парен час. А само денес пак на почетокот на секој непарен час, како Премиера Хит на Радио Браво ја слушаме песната “Flame” во изведба на победникот на 17-та сезона на американскиот Idol, Laine Hardy. Автори на песната се Jon Levine и Ester Dean. Првата изведба беше на финалната вечер, чие финале беше на 19-ти мај, а веќе денес и на Радио Браво.


© Radio Bravo - Kumanovo