• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Rita Ora Feat Ed Sheeran – Your Song (Премиера Хит)

Rita Ora е родена во Приштина во семејство на албански родители, кои во 1991-та година емигрираат во Лондон. Нејзината мајка, Вера е психијатар, а татко и, Besnik Sahatçiu е економист. Таа има помлад брат, Don, и постара сестра,  Elena, кои се членови на нејзиниот менаџерски тим. Нејзиното вистинско име е Rita Sahatçiu. Rita Ora, покрај тоа што е пејачка, зад себе има веќе неколку филмски и телевизиски улоги, а исто така се занимава и со модниот дизајн. Нејзиниот албум, “Ora”, од 2012-та година, беше две седмици на самиот врв на Британската Chart листа. Во моментот е актуелна со песната “Your Song“, во соработка со Ed Sheeran, а продукција на Steve Mac. Од петокот, “Your Song” можете да ја „симнете“, под етикетата на Atlantic Records.

 

© Radio Bravo - Kumanovo