• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Lady Gaga – Always Remember Us This Way (Премиера Хит)

Soundtrack-от за филмот A Star Is Born кој го преслушуваме во најновато, актуелно издание на емисијата Album Of The Week предизвика голем интерес кај слушателите на Радио Браво. Од разбирливи причини, не само поради изворедното музичко дело на тандемот Lady Gaga & Bradley Cooper, туку и поради извонредната филмска приказна направена од Bradley Cooper (кој дебитира како режисер), а главните улоги ги толкуваат Gaga и Cooper. Сите предвидувања се дека Lady Gaga и Bradley Cooper ќе бидат главните фаворити за претстојното доделување на филмските награди Oscar. Поради сето ова, денеска уште едно изненадување. Како Премиера Хит, на почетокот на секој непарен час, на 88,5 Mhz, од оваа музичко ремек дело, ја слушаме “Always Remember Us This Way”, потенцијалниот мега хит  и тоа во трогателниот момент во филмот кој ке се поигра со емоциите на публиката и ликовите. Изведена на крај, на еден од концертите, како желба на главниот лик, воедно и песна која на измислената млада пеачка и го отвора патот на големата сцена.


© Radio Bravo - Kumanovo