• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Taylor Swift – Look What You Made Me Do (Премиера Хит)

Taylor Swift се враќа на голема врата со својот прв сингл “Look What You Made Me Do” од новиот албум Reputation. Видеото за песната е исто толку провокативно, како и самиот текст во кој Taylor им порачува на сите кои ја повредиле дека ќе си го добијат своето. Пејачката го искористи својот имиџ на злобна девојка за да создаде спот во кој станува од гроб, седи на трон од змии и ги „убива“ сите стари верзии од себе. Првото видео со текстот на песната за само 24 часа собра 19 милиони прегледи на YouTube со што го собори рекордот на “Something Just Like This” кој беше поставен во февруари. Во продолжение, погледнете го и видеото за песната, направено од Joseph Kahn, кој исто така работеше на многу други видеа на пејачката.


© Radio Bravo - Kumanovo