Поранешниот член на поп бендот One Direction, Liam Payne објави повеќе соло музика, а песната “First Time” од неговиот нов албум во соработка со раперот French Montana, е денешна Премиера Хит на Радио Браво. Двајцата музичари ја објавија песната на 24ти август со цел да ги освежат последните пламени денови од летото. “First Time” е главна песна од мини албумот на 24-годишниот пејач, а под истото име е и неговиот нов EP.