• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

The Backdoor Band Feat. Jimmy Linder Mansson – Too Many People (Премиера Хит)

Охридските рокери The Backdoor Band, објавија нова песна на англиски јазик, насловена “Too many people”. Новиот сингл е резултат на заедничката соработка помеѓу Backdoor band и со вокалистот на данскиот состав Blended Brew, Jimmy Linder Mansson, кој воедно се потпишува и како микс и мастеринг за истиот сингл. Видеозаписот за песната кој беше промовиран вчера, е сниман на локација во Охрид. Од бендот изразуваат голема благодарност до сите кои го помогнаа реализирањето на овој видеозапис, посебно до Пеце Настески кој го изработи видеото за нивниот најнов сингл.

А денес, Радио Браво ви овозможува да уживате на почетокот на секој непарен час. Како Премиера Хит ја слушаме “Too many people”, на извонредните  The Backdoor Band. Звучат светски, а наши се, македонски…

© Radio Bravo - Kumanovo