• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

The LadBaby – We Built This City On Sausage Rolls (Премиера Хит)

И како последен Премиера Хит на Радио Браво во 2018-тата година е песната која е број 1 на UK singles листата за време на божиќните и новогодишните празници. Песната “We Built This City On Sausage Rolls” е пародија на хитот на Starship, “We Built This City”, само што во оригиналната верзија од 80-тите години градот е изграден на rock’n’roll (We built this city on rock and roll), додека во 2018-тата, на свински колбаси. Изведувач на оваа празнична хит песна е The LadBaby, но зад оваа име се крие Mark Hoyle, графички дизајнер од Нотингем кој стана популарен со својот You Tube канал каде што постираше серија видео клипови каде го опишуваше воспитувањето со својата сопруга Roxanne на своите двајца синови.

© Radio Bravo - Kumanovo