• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

The Pretenders – Hate for Sale (Премиера Хит)

The Pretenders a е англиско американска група формирана во март од далечната 1978 година, препознатлива по нејзиниот лидер и водечки вокал, пејачката и текстописец Chrissie Hynde. Во тој период од дури 42 години имаат издадено 10 студиски албуми со песни кои денес сеуште се слушаат, а во 2005-тата влегоа и во Rock and Roll Hall of Fame. The Pretenders го снимија и својот 11-ти по ред албум и тој најпрвин требаше да излезе на пазарот на 1 мај оваа година, но поради познатите околности околу пандемијата на коронавирусот, издавањето е одложено за 17 јули. Во меѓувреме издадоа уште еден најавен сингл, овој пат со насловната нумера од албумот Hate for Sale, наш денешен Премиера Хит.


© Radio Bravo - Kumanovo