• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Proekt Srekja – Novogodisna (Премиера Хит)

Македонската поп пејачка Кристина Петровска Арнаудова со својот хумнанитарен „Проект среќа“ и кампањата „И јас сум Дедо Мраз“ годинава усреќи многу дечиња кои поинаку тешко дека би дошле до своите посакувани новогодишни подароци и пакетчиња. Кампањата на пејачката финишираше со песна која ја одпеаја македонските пејачи во темата Новогодишма и е повеќе од успешна и добар пример како треба поединците, особено оние познатите да се однесуваат кон заедницата и нејзините ранливи или маргинални групи на граѓани, особено оние најмладите.


,,Новогодишна,, е новогодишна песна, приказна раскажана со зборовите на Фаик, дете кое поголемиот дел од своето време го поминува на улица. 
Песната е дел од кампањата со која „Проект среќа“ собира средства за реновирање на домови на деца кои живеат во многу тешки и нехумани услови. Во песната пеат: Кристина Арнаудова, Биба Додева, Сара Мејс, Лина Пејоска, Дарио, Ѓоко Танески, Ај КЈу, Дани , Фаик и децата од дневен центар за деца од улица ,,Шуто Оризари,,.
музика текст и аранжман Бојан Трајковски
продуцент: Кристина Арнаудова
Видео: Дарио Јаковиќ
Проект на здружението Проект Среќа

© Radio Bravo - Kumanovo