• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

The Jezabels – Synthia (Албум на неделата)

Бендот The Jezabels  е формиран во 2007-мата во Сиднеј од група на студенти и пријатели кои решиле да прават музика и да се забавуваат. Досега имаат издадено три ЕП и три студиски албуми, а бендот го сочинуваат Nik Kaloper, Samuel Lockwood, Heather Shannon и Hayley Mary. Во татковината веќе со првите изданија го привлекоа вниманието на себе и почнаа да ги завземаат горните места на домашните топ листи. Името на групата има библиска референца, но ги одразува и феминистичките ставови на пеачката Hayley Mary, нешто што таа отворено го признава и го рефлектира низ музиката на The Jezabels. Ованеделниот албум е токму последното нивно дело – проектот наречен Synthia.

Листа на песни:

  1. My Love Is My Disease
  2. Come Alive
  3. Smile
  4. If Ya Want Me
  5. Pleasure Drive
  6. Stamina

“Synthia” е албум кој експериментира со се што се случув денес, па веројатно и затоа се повеќе бендови што се сметаа за инди се свртуваат кон поп звукот и стилот кој преовладува. The Jezabels не застранија комплетно, туку поточно кажано, солидно се прилагодија на актуелната сцена, но со тоа можеби и го загубија онаа нешто што ги правеше интересна група.

© Radio Bravo - Kumanovo