Британската поп рок група The Vamps составена од Bradley Simpson, James McVey, Connor Ball и Tristan Evans се враќаат на светската музичка сцена со објавувањето на нивниот најнов сингл под име Married In Vegas. Тоа е првата нумера од нивниот најнов, 4-ти по ред студиски албум Cherry Blossom, кој треба да излезе на 16 октомври 2020 година.