Како подршка за првиот настап на репрезентацијата на Македонија на Европското првенство во фудбал против Австрија во Букурешт, наш Премиера Хит е песната на ВИС Рисови – Одиме на европско. Автори на музиката и текстот се Саше Љолес и Петар Младеновски, фронтменот на „Суперхикс“, кои ја изведуваат како дел од групата „ВИС Рисови“, заедно со Никола Бочваров, Танче Гроздановски и Слободан Хаџи-Илиев, a режисер на спотот е Огнен Шапковски.
НИЕ СМЕ НА ЕВРОПСКО!!!