• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Yungblud – Hope For The Underrated Youth (Премиера Хит)

YUNGBLUD се врати на сцената со новата песна  „Hope For The Underrated Youth“, која беше објавена по неговиот протест пред Парламентот во Лондон изминатиот викенд.
Во саботата овој музичар од Јоркшир ги покани неговите обожаватели на „YUNGBLUD Cruise“ на реката Темза, а за време на крстосувањето во живо ги изведе неговите популарни песни и премиерно ја одпеа „Hope For The Underrated Youth“. Песната е напишана од YUNGBLUD чие вистинско име е  Dominic Harrison и од Zakk Cervini и Chris Greatti, а ја раскажува приказната за генерацијата на авторот која е погрешно сфатена и потценета.


© Radio Bravo - Kumanovo