Спортски вести на Радио Браво, емитувани на 22-ти јануари во 12:20; 14:10; 16:40 и 19:10 часот.
Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз на Европското првенство во Хрватска. Избраницит на селекторот Раул Гонзалез во првиот натпревар од втората фаза загубија од селекцијата на Шпанија со 31:20. Уште на стартот од натпреварот „црвената фурија“ направи висока предност, а згора на се во нашион национален тим по само 12 минути игра се повреди капитенот Кире Лазаров. Токму тоа и овозможи на Шпанија на полувремето да замине со предност од 15:9. Во втортиот дел Гонзалез одлучи да ги одмори поискусните и шанса да им даде на младите играчи кои направија многу грешки во нападот и одбраната и му дозволија на протвникот да ја контролира играта и резултатот во текот на целиот натпревар. Во македонската селекција најефикасeн беше Манасков со четири гола, а кај Шпанија на листата на стрелците се издвоија Гурбиндо со шест и Соле со пет погодоци. Митревски натпреварот го заврши со 14, а Ристовски со седум одбрани, а нивниот колега на спротивната страна Гонзало Перез де Варгас натпреварот го заврши со 18 интервенции.
Сепак, математиката вели дека македонската репрезентација пласманот во полуфиналето се уште го држи во свои раце. Имено, со две победи во последните два меча во главната фаза во групата 2 во Вараждин, Македонија би имала 7 бода и сигурен пласман во полуфинале. За да се оствари овој историски успех, најпрво треба да се победи Чешка во вторник, која само да потсетам дека успеа во прва фаза да ја изненади Данска, а потоа и истата таа Данска за која се подолу од медал е неуспех на едно големо првенство. Сепак, да бидеме реални ине треба на нашите ракометари да им се наметнуваат цели кои воопшто не се лесно остварливи во ваква силна и тешка конкуренција на великани, како што се Франција, Шпанија, Германија, Хрватска, Данска, Шведска, Норвешка….
Дефинитивно по вака болен пораз од Шпанија патот до плуфиналето е многу тежок, но еднаш нашите ракометари победнички го минаа и го изборија досега најдобриот пласман на европските првенства, петтото место.. Да потсетам дека во 2012 година на Европското првенство во Србија во истата фаза Македонија забележа болен пораз од Данска, (иако одигра фантастично прво полувреме, во вториот дел немаше решение за Хансен кој го наполни нашиот гол) и практично ги загуби шансите за полуфинале, но во игра ѝ беше борба за петто место. Па така во следните два меча избраниците на Ѕвонко Шундовски покажаа како се игра за нацијата и со сигурни победи над Полска, и домаќинот Србија и обезбедија меч за петтото место, кој го добија против Словенија со (28-27).
И за крај на денешните Спортски вести на Радио Браво, најава за денешната програма на европското првенство. Ќе се одиграат две средби и двете во Загреб, во рамките на групата еден со кои што ќе се комплетира второто коло во оваа група. Во 18:15 часот се среќаваат Србија и франција, додека во вечерниот термин, од 20 часот и 30 минути играат Шведска и Белорусија.