• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

За крај на фудбалската бајка – Португалија

Настан на денот е последниот натпревар на Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, на Европското Првенство во Полска. Противник е Поругалија. Почеток: 20-45 ч. со телевизиски пренос на ТВ Нова.

Спортски Вести на Радио Браво емитувани на 23-ти јуни во 12:20;14:10; 16:40 и 19:10 часот.


Спектакл за крај најавуваат нашите млади репрезентативци, на денешниот последен меч на Европското првенство во Полска, а противникот е со посебно педигре. Наспроти избраниците на Благоја Милевски вечерва од 20,45 часот на стадионот во Гдиња ќе бидат актуелните европски вицешампиони Португалците. Мотиви победнички има и на двете страни, фаворити се популарните европски Бразилци, но ако некој докажа и во квалификациите и на шампионатот во Полска дека подоброрангираните не победуваат секогаш, тоа е Македонија. Нашите фудбалски херои повторно ветуваат дека ќе играат без компромис, а се надеваме дека конечно ќе ја забележат победата која ќе биде круна на генерацијата. Печат на една неверојатна фудбалска бајка со која ја кренаа Македонија на нозе. Шанси за полуфинале веќе немаме, но за второто место во Б групата секако дека постојат. Прв триумф во осмиот меѓусебен меч со Португалците, кои имаат 6 победи и едно реми со нас, би бил шлаг на тортата.

Селекторот Благоја Милевски најавува корекции во тимот и настап на играчите кои и следниот циклус ќе го носат дресот на репрезентацијата до 21-на година.

Португалците имаат императив да победат и тоа со најмалку три голови разлика, ако сакаат да играат во ново полуфинале на ЕП. На минатото требаше да ја освојат круната, но пенал рулетот ги „фрли“ на вицешампионската позиција. Тие имаат суперѕвезди од Бенфика, Порто, Спортинг… и играчи кои веќе го почуствувале вкусот на Лигата на шампионите, но ќе треба да ја потврдат фаворитската улога и на теренот.И Капитенот на оваа историска репрезентација на Македонија. Давид бабунски најавува победа против европските Бразилци

Го освоивме првиот бод на ЕП, ги постигнавме и првите голови во ремито, 2:2 со Србија, а победа против европскиот вицепрвак Португалија би бил спектакуларен крај на првата фудбалска авантура за наша селекција на Европските шампионати.

© Radio Bravo - Kumanovo