Емитувано во Браво Културен Информатор во: 12:40; 14:20; 16:50 и 19:20 часот, на 5-ти јануари, 2018-та година.
Традицијата продолжува и оваа година. Членовите на Здружението на граѓани „Коледари“ во месноста наречена Забел, во Старо Нагоричане, традиционално ги набраа бадниковите гранчиња. Истите, 17-та година по ред, ќе бидат поделени на кумановчани, утре во 12:30 часот, пред платото на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“. Пред прославата која ќе биде проследена со музика, песна и оро надополнета со греана ракија, на 6-ти јануари од Касапски круг, ќе се упатиме кон црквата „Свети Никола“ на литургија, а потоа ќе имаме традицонална прослава на плоштадот пред Центарот за култура, каде ќе бидат поделени гранчињата, рече меѓу другото Киро Соларски, член на Здружението на граѓани „Коледари“, во разговорот за Радио Браво и повика на масовна забава.