Во сабота, ќе биде празник на ракометот во Куманово. Причината е завршниот фајнл фор турнир во кадетска конкуренција за ракометарки, што ќе се одржи во спортската сала на СОУ Перо Наков. И на овој завршен турнир, како и со години наназад, дел ќе бидат и кадетките од нашиот град, а со оглед дека оваа генерација во која три ракометарки се и стандардни репрезентативки на Македонија, е со големи шанси да ја освои шампионската титула. Прграмата утре започнува во 10:30 часот со првиот полуфинален дуел во кој противник на кумановчанки ќе им биде составот на Струга. Во второто полуфинале, од 12:30 часот, се среќаваат Вардар и Металург. Веќе попладнево се и натпреварите за пласман, полуфиналето започнува во 17:30 часот, а големото финале во кое што ги очекуваме и нашите кадетки предводени од Трајковиќ, Кипријановска и Ивановска е закажано за 19:30 часот.
Спортски Вести на Радио Браво, емитувани на 18-ти мај, во 14:10; 16:40 и 19:10 часот.